Средба Тошковски- Стирк
Тошковски ја запозна Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес...

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори 2024, Џилиан Стирк.
На средбата, како што соопштуваат од МВР, Тошковски ја запозна Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст се заблагодари за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека истите се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес.
Министерот Тошковски информираше и за добрата меѓуинституционална соработка со останатите државни институции кои имаат законска улога во учеството на изборниот процес, нагласувајќи ја истата како плодна и непречена, стои во соопштението.
