Избори 2024

Изминува половина од изборната кампања за претседателските избори, кандидатите на терен

13.04.2024 08:31

Митинзи, дебати, средби со граѓани, прес-конференции...

Изминува половина од изборната кампања за претседателските избори. Митинзи, дебати, средби со граѓани, прес-конференции.

Под слоганот „Македонија повторно горда“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави програмата пред жителите на Зелениково, Бутел и Карпош. Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, денеска е на средба со граѓани во Желино, Брвеница и Теарце, а ќе има митинзи во Јегуновце и во Тетово.

Бујар Османи од ДУИ на панел-дискусија ќе претстави дел од својата програма. Стевчо Јакимовски од ГРОМ е во Крива Паланка. Претендентката за претседател од Левица, Билјана Ванковска во Струга и во Охрид, кандидатот од здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари во Куманово, а Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ“, во Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани и во Прилеп.