ИЗРАЕЛ

Расте можноста Техеран да се одмазди за воздушниот напад

13.04.2024 09:55

Тензијата расте поради можноста Техеран да се одмазди за воздушниот напад во кој загинаа високи ирански команданти пред речиси две недели.

Премиерот на Израел Нетанјаху на средба со високи функционери за да се подготви за можен напад од Иран, јавуваат локалните медиуми. Тензијата расте поради можноста Техеран да се одмазди за воздушниот напад во кој загинаа високи ирански команданти пред речиси две недели. 

Тел Авив возврати дека е подготвен „одбранбено и офанзивно“. Претседателот Бајден му вети на Израел „железна“ поддршка во случај на ирански напад.

Во меѓувреме Хезболах изврши ракетен напад на северот на Израел, каде што се забележани околу 50 лансирања од либанска територија.