Сиднеј

Напад во трговски центар во Сиднеј

13.04.2024 10:22

Најмалку четири лица загинале. Стотици луѓе биле евакуирани...

Голема полициска операција е во тек по извештаите за избодени повеќе луѓе во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Најмалку четири лица загинале. Стотици луѓе биле евакуирани.

Медиуми објавија дека напаѓачот бил застрелан.

Очевидци изјавиле дека меѓу жртвите на нападот има мајка и бебе. Областа е евакуирана, а на местото на настанот има амбулантни возила и полиција. Од луѓето е побарано да ја избегнуваат областа.