Избори 2024

Димитриевски се претстави пред кавадарчани и жителите на тиквешијата

13.04.2024 16:33

Мораме да ја вратиме правдата таму каде и е местото. Имаме судови и судии но правда немаме, имаме обвинителство и обвинители но обвиненија само за тие кои и пркосат на власта, во Македонија имаме велепоседници кои ја цицаат крвта на граѓаните и затоа е време да се каже доста е, оти имаме се но е лошо организирано, порача претседателскиот кандидат на знам Максим Димитриевски од митингот во Кавадарци …

Во Македонија имаме се, но тоа е достапно само до тие кои се на власт. Затоа е време граѓаните да се одважат и масовно да излезат на избори и кажат доста е, оти немаме каде да се пожалиме или да се поплачеме. Покажавме во Куманово, на избори актуелното раководство од СДСМ да изгуби катастрофално а едно нашминкано ВМРО да не победи. Тоа ќе се случи и во Македонија, со помош на граѓаните, кажа претседателскиот кандидат на знам Максим Димитриевски од митингот во Кавадарци.

Тие ги променија општествените вредности. Затоа во првите сто дена, како иден претседател ќе предложам стратегија за борба против корупцијата и криминалот, особено за борба со политичкиот криминал, оти во политиката е главниот криминал и корупција, порача Димитриевски.

 

Петар Печков