Избори 2024

Давкова на митинг во Тетово

13.04.2024 14:32

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот кој го одржа во Тетово, му порача на политички опонент Стево Пендаровски од СДСМ дека веќе е делегитимиран …

Пендаровски треба да си оди затоа што во текот на неговиот прв мандат земјава не напредуваше во повеќе сфери од општественото живеење.

Ако не го остварувате она што сте го ветиле, ако не сте напредувале во економијата, во здравството, социјалната заштита, образованието, вие веќе сте делегитимиран, посочи Давкова.

Нас ни треба политичар со интегритет и дигнитет, политичар со народен лик, кој ќе биде со народот и меѓу народот преку народните канцеларии. Кој ќе биде меѓу народот и преку пораките во парламентот. Кој ќе биде за уставност и законитост, тогаш кога најдобрите судии ќе бидат во судовите, истакна Силјановска.

Од митингот во Тетово го запраша, какви планови ковал во вилата „Водно“ со Артан Груби, Димитар Ковачевски и Али Ахмети.

 

Зоран Димовски