Потребно е унапредување на социјалните услуги за граѓаните
Македонија уште многу треба да работи на унапредување на социјалните услуги за граѓаните. Досегашното искуство, главно со меѓународна помош нуди социјални услуги, најмногу за помош на старите и лицата и децата со попреченост, но мора да бидат опфатени сите категории граѓани. Од најмлади, до највозрасни. а воедно и се отвора пазарот на трудот …

Крушевчанецот Јанко Хасаноски 4 години има помош во секојдневните обврски. Како лице со попреченост, тоа е пресудно во неговото секојдневие.
Социјални услуги за помош на стари и изнемоштени и лица и деца со попреченост, за жени, Роми, за млади невработени. Се нудат главно преку меѓународните асоцијации. УНДП 12 години спроведува 13 социјални услуги.
Се работи на социјална помош на повратниците од странство, а неопходно е и за младите да ги избегнат пороците на денешното време.
Социјалните услуги го отвораат и пазарот на трудот. Во 12 години, само програмата од УНДП „Општинско корисна работа“ вработила околу 5.000 лица, а на преку 80.000 граѓани во земјава им се дадени социјалните услуги.
Елизабета Митреска
