Избори 2024

Пендаровски ја претстави изборната програма пред жители на скопски Центар

13.04.2024 14:33

Граѓаните сакаат и заслужуваат европски животен стандард во европска држава. Народот не сака враќање назад во мрачното минато, Македонија треба да биде држава на сите граѓани, а не на една група луѓе или на еден човек, порача синоќа кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски пред жители на скопски Центар...

Барам од сите вас, на 24-ти овој месец, масовна политичка мобилизација, уште во првиот изборен круг да покажеме дека сме за нормална, напредна и европска Македонија на сите, а не за заробена, на неколкумина, на еден човек или на една фамилија. На 8-ми мај само ќе ја завериме победата и конечно да станеме дел од европското семејство, порача од централниот митинг во скопската општина Центар, претседателскиот кандидат од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Нема план „Б“, има само план „А“, истакна Пендаровски за уставните измени.

Кандидатот за шеф на државата пред присутните даде уште едно ветување, дека ќе влеземе во Европската унија до крајот на оваа деценија, но само како Македонци, со нашето име и интегритет.

 

Милчо Велески