Избори 2024

Таравари во посета на општина Сарај

13.04.2024 16:00

Претседателскиот кандидат од редовите на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари во посета на општина Сарај, за да го слушне како што кажа, мислењето на подмладокот на партијата...

Претседателскиот кандидат од редовите на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари во посета на општина Сарај, за да го слушне како што кажа, мислењето на подмладокот на партијата и да поразговараат за проблемите со кои што се соочуваат. Според Таравари, како коалиција на албанската опозиција ќе се движат кон европскиот пат.

ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници. Како доверлив партнер ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот, заедно со нив. Македонија не консумира безбедност, ние произведуваме безбедност“, се нагласува во програмата на кандидатот за претседател Арбен Таравари.

 

Александра Спировска