Јакимовски презентира ставови од програмата
Тој вели дека точно се знае во кои политички партии ја има најмногу корупцијата. Порачува политичарите да ги трнат рацете од правосудството за да може слободно да функционира...

Ветинг не им е потребен на судиите и обвинителите, туку нам политичарите, порачува кандидатот за претседател од ГРОМ Стевче Јакимовски. Тој вели дека точно се знае во кои политички партии ја има најмногу корупцијата. Порачува политичарите да ги трнат рацете од правосудството за да може слободно да функционира. Јакимовски со критика до опозицијата и власта дека кога се во прашање парите тогаш тие се сосема согласни едни со други, а помалите партии ги оставаат со минимален буџет.
Според Јакимовски европскиот пат на земјава не треба да биде подолг од 2030 година. Доколку до тогаш не сме дел од Унијата треба да го напуштиме тој концепт а не да не омаловажуваат како што е случај со Турција која чека повеќе од три децении. Коалицијата и „ГРОМ“ се залагаат – за решавачки одговор кога е во прашање идентитет и јазикот на македонскиот народ.
Фиљана Кока
