Избори 2024

Османи на митинг пред граѓаните на Охрид

13.04.2024 16:03

Граѓаните имаат два понудени алтернативни концепти-интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензии, прогрес наспроти враќање назад, рече кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи во своето обраќање пред охриѓани. Османи вети Европска интеграција на земјава …

Ова се специфични и историски избори. Граѓаните имаат два понудени алтернативни концепти интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензии, прогрес наспроти враќање назад, рече кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи во своето обраќање пред охриѓани. Доколку ја добие довербата на граѓаните Османи вети европската интеграција на земјава.

„Ја нудам интеграцијата во Европската унија и тоа во наредните пет години како заокружување на овие седум години напори да станеме членка на ЕУ. Како министер за надворешни работи ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека можам да го заокружам тој процес до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ. Меѓутоа Европскиот фронт нуди соживот наспроти опцијата којашто бара 61 пратеник за да се исклучат другите. И денеска и порачав на мојата противкандидатка Силјановска дека барањето 61 пратеник е наспроти сите начела на соживот и мултиетничка демократија“, рече Бујар Османи кандидат за претседател на Европскиот фронт.

Треба да прекинеме со говорот на омраза, оваа држава може да биде богата, просперитетна и успешна само ако сите имаме еднакви права и можности, рече Османи кој додаде дека ја бара довербата од граѓаните за секое дете независно од која етничка заедница потекнува, да има исти можности да успее во земјава.

 

Соња Рилковска