Освен во предизборието, каде се младите во политиката?!
Младите сè уште не уживаат доверба и поддршка од политичарите на кандидатски позиции за носење одлуки. Апелираат – нивниот глас може да придонесе да се спречи одливот од државава...

Младината апелира до политичарите, да се чујат младите умови, кога се креираат политики. Освен во предизборните ветувања, кога се ветуваат и брда и долини, младите ги нема никаде, ниту во политиката, ниту пак во општественото живеење, реагираат тие. Студентскиот глас, велат, може нешто да промени, но само ако се сака.
Идејата е младите да бидат чуени и вклучени, и да добијат определена моќ – посочуваат Анисија и Петар, студенти на УКИМ.
Од младинските организации велат дека дел од младите имаат чувство дека нивниот глас на избори не менува ништо. Тие ќе се залагаат тоа да се промени.
Младите во државава го делат ставот дека не им се приоритет на политичарите. Сепак се надеваат дека препораките барем дел им бидат имплементирани.
Борис Грујоски
