анализа

На половина од претседателската кампања, се заострува реториката од говорницата

13.04.2024 16:24

Претседателската кампања влезе во втората половина, се заострува реториката од говорницата. Препукувања и критики кон опоненти, ветувања и изборни адути пред граѓаните...

Наместо меѓусебни навреди, обвинувања, шеги на сметка на опонентот, претендентите за претседателската функција да се фокусираат на решавање на реалните проблеми. Граѓаните паметат што рекле и што им ветиле. Имаат замерка до политичарите дека во реториката за изборната кампања се помалку се води сметка за нивните потреби, велат токму поради тоа и не ја следат кампањата.

Овој вид на изборна кампања е забава за народот, но не и мотивација за тие да гласаат, смета комуникологот Кордалов, кој вели дека ваквата комуникација не им носи на партиите дополнителни политички поени. Со почетокот на кампањата за парламентарните избори очекува да се вжешти и реториката.

Здрава држава отпорна на пропаганда ќе имаме само тогаш кога политичарите ќе разберат дека зависат од граѓаните, вели Кордалов.

 

Викторија Милевска