Во Управниот суд одржана јавна расправа по тужбата поднесена од Академија за судии и јавни обвинители
Во Управниот суд професорката Силјановска Давкова го брани ставот дека Академијата за судии го прекршила Изборниот законик по постапката за вработување 130 слушатели за идни обвинители и судии. Директорката Габер Дамјановска со став - постапката за прием на слушатели во почетна обука не се смета за класичен работен однос...

Во Управниот суд одржана јавната расправа по тужбата поднесена од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, против одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тужбата е поднесена поради одлуката на Антикорупциска дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува Законот за изборен период.
Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии, став на професорката Гордана Силјановска Давкова.
Приговорот е едногласно поддржана и од Антикорупциската комисија, за што Академијата се жали до Управниот суд.
Од Академијата посочуваат дека и пред самата јавна седница на Антикорупциска на 10-ти месецов, имало многу процедурални повреди, за што тие бараат судска заштита. Изразуваат верба во институциите на системот и најавија почитување на одлуката на Управниот суд.
Марија Котовска
