АВСТРАЛИЈА

Полицијата го застрела напаѓачот во Сиднеј

13.04.2024 18:45

Меѓу повредените е и деветмесечно бебе чијашто мајка во болница подлегнала на повредите...

40-годишен маж со нож уби шестмина, рани неколку лица во трговски центар во Сиднеј во близина на плажа. Полицијата го застрела. Меѓу повредените е и деветмесечно бебе чијашто мајка во болница подлегнала на повредите. 

Надлежните велат дека не го знаат мотивот за крвавиот напад, но тврдат дека го познаваат лицето што го изврши и ја исклучуваат можноста за тероризам.