Иран го нападна Израел со стотина дронови и проектили
Израелската армија информира дека пресретнала „огромно мнозинство“ од десетиците ирански балистички ракети...

Иран синоќа го нападна Израел со стотина дронови и проектили. Израелската армија информира дека пресретнала „огромно мнозинство“ од десетиците ирански балистички ракети. Американските и британските медиуми објавија дека нивните вооружени сили пресретнале дел од беспилотните летала и проектили над граничната област меѓу Ирак и Сирија додека се упатувале кон Израел.
Ракетите биле соборени од системот за противвоздушна одбрана стрела. Во писмото до шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш и претседателката на Советот за безбедност Ванеса Фрејзиер, Техеран нагласи дека неговиот напад врз Израел е правен и оправдан чин на самоодбрана од како што велат израелските „агресии“.
Небото над Израел повторно отворено.
