И кандидатката на НДП влезе во парламентот

20.06.2014 12:40

Веднаш стигна и реакцијата - НДП по кратка постапка веднаш ја исклучи од партијата пратеничката Мирсада Асани...

Мирсада Емини Асани е новата пратеничка во осмиот собраниски состав од листата на кандидати на партијата на Руфи Османи, НДП. И Асани го прифатли мандатот да биде пратеник и покрај одлуката на нејзината партија за непризнавање на резултатите од предвремените парламентарни избори на 27 април.

Роза Каревска засега е сама на страната на опозицијата. Асани беше на третото место на кандидатската листа во шестата изборна единица.

Веднаш стигна и реакцијата  - НДП по кратка постапка веднаш ја исклучи од партијата пратеничката Мирсада Асани.

„Асани постапи неморално и манифестира кулминација на човечкото лицемерие бидејќи таа и 19 други кандиданти на нотар потипшаа изјава дека доброволно се откажуваат од функцијата“, соопшти НДП и побара уште еднаш таа да го врати мандатот!

Пред Асани тоа го сторија и Роза Топузова Каревска, членка на ЛДП, како дел од опозициската коалиција на СДСМ. ЛДП не донесе одлука за нејзино исклучување.

Солза Грчева и Љубица Буралиева од листата на кандидатки на СДСМ се предомислија и покрај партиската одлука за бојкот на резултатите од изборите на 27 април. Од партијата најавуваат нивно исклучување од партијата доколку не се почитуваат  одлуките на највисоките партиски органи.