мвр
190 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење
14.04.2024 10:15
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 19 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
