Избори 2024

Бујар Османи на митинг во Битола

14.04.2024 15:58

Само со еднакви помеѓу себе етнички заедници и без лажен патриотизам и национализам можеме сложно да го започнеме маршот за влез во ЕУ до 2030-тата година порача на синоќешниот митинг во Битола кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи …

Мултиетничка Битола отсекогаш била Македонија во мало и затоа е најдоброто место од каде може да се испорачаат но и да се примат суштински пораки. Затоа и мојата визија како иден европски претседател е да создавам единство помеѓу сите етнички заедници и граѓани на патот кон ЕУ, рече меѓу другото кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи.

Според мене само тој е начинот до 2030-та година секој наш граѓанин во својот џеб да си има европски пасош за да не бидат приморани да земаат од друга држава и да нема потреба нивните деца да се отселуваат во земјите членки на Европската унија, тука таа да дојде кај нас - нагласи Османи.

 

Стевче Митревски