Таравари: Победата доаѓа поради единството
Претседателскиот кандидат од редовите на коалицијата „Вреди“, Таравари ја презентираше својата програма пред кумановци. Рече дека победата ќе дојде поради единството на опозициските партии. Очекува повик за дебата со сите кандидати …

Европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија, се четирите столбови од програмата на кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“. Таравари барајќи ја поддршката од кумановци потенцираше дека нивната победа ќе дојде поради обединувањето на опозициските партии. Истакна дека нема друга алтернатива освен промена. Неговата ориентација како претседателски кандидат но и како коалиција е прозападна, додека во другиот табор рече има луѓе со црни листи и со руски и српски капитал. Кампањата посочи досега е коректна со одредени притисоци на администрацијата.
„Досега е коректно освен што имаме одредени притисоци, се жалат од јавната администрација, јавни институции, меѓутоа повторно донекаде е коректна се надевам вака да продолжи. Ние се обидуваме да водиме европска кампања без навреди и лоши зборови кон другите. Од другата страна не е баш така. Секојдневно слушаме секакви навреди, да не речам и закани во наводници. Меѓутоа такви се кампањите, свесни сме и ги разбираме бидејќи се пред пораз, после 23 години“, рече Таравари.
Тој нагласи дека е подготвен за дебата и дуел со останатите кандидати.
Елена Георгиевска
