Стево Пендаровски на митинг во Тетово
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на митингот кој го одржа во Тетово побара од граѓаните глас за уште еден мандат, со цел земјава што поскоро да биде дел до ЕУ …

Две работи се клучни за Македонија – стабилни меѓуетнички односи и интеграција на земјава во Европската Унија, а јас покажав дека во изминативе пет години не отстапив од овие вредности, посочи претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Ја отворивме првата преговарачка конференција но за жал застанавме тука, поради опструкциите од надвор, но најмногу од нашата внатрешна политичка опозиција. Таа никако да се согласи дека не треба да става сопки на европскиот пат на Македонија, дополни Пендаровски. Да не се тие, јас ви гарантирам дека за 4 до 5 години ќе ги завршиме сите преговори.
Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, дека веројатно го заменил со неговиот претходник Иванов, откако претходно беше прозван за склучување договор за амнестирање во вилата Водно.
Зоран Димовски
