Избори 2024

Силјановска - Давкова на митинг во скопски Карпош

14.04.2024 14:10

Дел од вината што Македонија сè уште не е членка на ЕУ, е кај самата ЕУ што навреме не ни подала рака, но одговорноста е пред сè во државниот врв. Во дипломатијата нема да одат импровизатори, луѓе кои ја навредуваат Македонија, а не ја прават горда-истакна Силјановска Давкова.

Реформите што се правата и зачленувањето во Европската Унија како приоритет не треба да се само флоскула, туку земјава треба да направи се, за дома да ги воспостави потребните стандарди-порача кандидатката за претседател Силјановска Давкова пред карпошани. Според неа, дел од вината што Македонија сè уште не е членка на ЕУ, е кај самата ЕУ што навреме не ни подала рака, но одговорноста е пред сè во државниот врв. Во дипломатијата нема да одат импровизатори, луѓе кои ја навредуваат Македонија, а не ја прават горда-истакна Силјановска Давкова.

Најави враќање на народните канцеларии за да може полесно да го чуе гласот на народот, вето на владини закони ако тие се во спротивност со Уставот, предлагање на, како што рече, врвни правници, а не партиски лица во Судскиот совет и во Уставниот суд, како и врвни експерти во Советот за безбедност. За врвен приоритет го посочи квалитетното образование, а вети и формирање Совет за млади во претседателскиот кабинет. Младите мора сегашноста да ја земат во своите раце-истакна Силјановска Давкова.

Марина Стојанова Тонева