Груевски и Заев на средба во вторник

20.06.2014 12:53

Изминатиот викенд Груевски изјави дека е подготвен да понуди пакет-мерки за надминување на кризата...

Наместо денеска во 13 часот, премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ќе се сретнат во вторник. 

Изминатиот викенд Груевски изјави дека е подготвен да понуди пакет-мерки за надминување на кризата.

Лидерот на СДСМ изјави дека на дневен ред на неговата средба со Груевски ќе бидат овие пет точки: формирање техничка влада, што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојувањето на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и јасно прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.