Избори 2024

Јакимовски на средба со граѓаните на Прилеп

14.04.2024 16:39

Стевче Јакимовски на средба со граѓаните од Прилеп порача дека нема да дозволи влез на Бугарите во Уставот бидејќи не сака, вели, да го скрнави споменот на жртвите кои паднаа за создавање современа македонска држава...

Претседателскиот кандидат на „ГРОМ“ и коалицијата, Стевче Јакимовски на средба со граѓаните од Прилеп порача дека нема да дозволи влез на Бугарите во Уставот бидејќи не сака, вели, да го скрнави споменот на жртвите кои паднаа за создавање современа македонска држава. Јакимовски осврнувајќи се на моменталната состојба во светот после нападот на Иран врз Израел рече дека доколку ја добие довербата тој ќе има предвид што само на илјада километри воздушна линија од овде се води војна која може да прерасне во голем конфликт и затоа e многу битно кој ќе биде врховен командант кога можеби Европа ја зафаќа воен вител.

Освен реформи во здравството и образованието, Јакимовски со ветување дека ќе ја реформира и администрацијата бидејќи било неприфатливо во 21 век да имаме луѓе кои седат дома, а земаат плата. Од друга страна вели онаму каде што им е најпотребна услугата на граѓаните нема луѓе кој ќе ги услужат, а по канцелариите врие од луѓе кои ништо не работат.

 

Фињана Кока