Избори 2024

Максим Димитриевски на средби со граѓани во Градски парк - Скопје

14.04.2024 16:43

Димитриевски го посочи извештајот на Светска банка со став - Македонија е со најнизок економски раст и развој во целиот регион...

Македонија уназадува на сите полиња, особено во делот на борбата против криминалот, корупцијата и правосудството, рече претседателскиот кандидат од движењето „ЗНАМ-За наша Македонија“, Максим Димитриевски. Го посочи извештајот на Светска банка со став - Македонија е со најнизок економски раст и развој во целиот регион. Вети ако ја добие довербата, од позиција на претседател, првенствено би предложил формирање на специјален тим кој би изградил стратегија за борба против корупцијата и организираниот криминал во државата.

Иако тоа не е директна надлежност на претседателот на државата, тој во секој момент може да предлага закони или одредени решенија пред извршната и законодавната власт, додаде претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

 

Александра Спировска