Активности на претседателскиот кандидат на Левица
На средбата со граѓаните од Аеродром претендентот за шеф на државата Ванковска, зборуваше за заштитата на националното богатство, за газењето на правото на самоопределување, за приближување на земјата до БРИКС...

Кандидатката за претседателската функција од Левица Билјана Ванковска, вели ако ја добие довербата од граѓаните функцијата ќе ја темели на неколку принципи низ кои се испреплетуваат патриотизмот и левата идеологија, национален суверенитет, народна власт и вистинска демократија, унитарна држава. Националните интереси посочи дека ќе ги стави пред атлантските и евробирократските.
Ќе се бори за здрава животна средина, за мир и ненасилство.
На средбата со граѓаните од Аеродром претендентот за шеф на државата Ванковска зборуваше и за заштитата на националното богатство, за газењето на правото на самоопределување, за приближување на земјата до БРИКС поради поголема економска соработка, но и за зачувување на човечките ресурси, клучни за секоја држава.
Сузана Трајковска
