Анталија
Спасени патниците кои останаа заглавени во кабините на жичницата кај Анталија
14.04.2024 17:50
Жичницата беше сопрена откако една кабина удри во паднат столб, при што се отвори, а патниците испаднаа од неа...

Спасени се сите 174 луѓе кои останаа заглавени во кабините на жичницата кај Анталија по завчерашната несреќа во која еден 54-годишен маж го загуби животот.
Жичницата беше сопрена откако една кабина удри во паднат столб, при што се отвори, а патниците испаднаа од неа. Беа повредени десет луѓе.
