Куќна помошничка го „соголила“ газда кадешто работела

20.06.2014 12:54

Искористувајќи ја неговата лоша здравствена состојба ги украла парите, нанесувајќи му на газдата штета од околу 300.000 денари...

Во текот на мај куќна помошничка која се грижела за домаќинството на  82 годишен старец, од регал украла 6.700 американски долари и 2.000 австралиски долари, известуваат од СВР Битола. Против 26-годишната жена е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Според полицискиот билтен, М.К.(26) од Битола во периодот од 1 до 22 мај работејќи како куќна помошничка во куќата на Д.Т (82) во битолското село Новаци, искористувајќи ја неговата лоша здравствена состојба ги украла парите, нанесувајќи му на газдата штета од околу 300.000 денари.