Тошковски учествуваше во превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје
Оваа активност беше спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управувње со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Оваа активност беше спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Притоа, по случаен избор на присутните посетители им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.
