АВСТРАЛИЈА

Откриен идентитетот на напаѓачот со нож во Сиднеј

14.04.2024 20:33

Полицијата вели страдал од неодредени проблеми со менталното здравје и дека нападот не се третира како терористички чин...

Џоел Кочи (40) го извршил вчерашниот напад во трговскиот центар на светски познатата плажа Бонди во Сиднеј. Полицијата вели страдал од неодредени проблеми со менталното здравје и дека нападот не се третира како терористички чин.

Со нож избодени до смрт шест лица, 12 беа повредени.