Заврши состанокот на израелскиот воен кабинет
По состанокот портпаролот на израелските одбранбени сили само кусо одговори – „Имаме дефанзивни и офанзивни планови, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Нашата цел е да ги заштитиме нашите граѓани“.

По повеќе часови заврши состанокот на израелскиот воен кабинет со кој претседаваше премиерот Нетанјаху, а на кој се очекуваше одлука за следните чекори на Израел по синоќешниот ирански напад. По состанокот портпаролот на израелските одбранбени сили само кусо одговори – „Имаме дефанзивни и офанзивни планови, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа. Нашата цел е да ги заштитиме нашите граѓани“.
Денеска итен состанок имаше групата Седум индустриски развиени земји во светот и во заедничката порака ја изразија својата целосна поддршка за Израел и неговиот народ и ја потврдија посветеноста на нивната безбедност.
