мвр
90 санкционирани возачи за пребрзо возење на подрачје на СВР Битола
14.04.2024 21:38
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден во времето од 14.00-19.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 90 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 60 мерки надвор од населено место и 30 мерки во населено место (16 во Битола, 35 во Прилеп, 21 во Ресен, 12 Македонски Брод, 4 Демир Хисар и 2 Крушево).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
