Избори 2024

Продолжува изборната кампања за претседателските избори

15.04.2024 08:42

12 – ти ден од изборната кампања за претседателските избори. Kандидатите со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска ги продолжуваат изборните карвани...

12 – ти ден од изборната кампања за претседателските избори. Kандидатите со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска ги продолжуваат изборните карвани. Првиот круг од изборите е на 24-тиаприл.

Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, денеска ќе биде меѓу скопјани. На средба со жителите на Сарај, Чаир, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, која ја промовира кампањата под слоганот „Македонија повторно горда“, ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Кривогаштани, Крушево и Прилеп. Претендентката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најави средби со граѓани во Центар и во Кисела вода. А, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кандидат од движењето ЗНАМ, ќе одржи говор пред граѓаните на Гостивар, и во Центар.

Карванот со активности го продолжува и кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, и на Бујар Османи и на Таравари, кој најави средби со граѓани во Велес и во Желино.