Приватните специјализанти денеска на генерален штрајк
Приватни специјализанти излегоа на генерален штрајк пред интерните клиники. И покрај одржаниот протест на 27-ми март и средбата со министерот Демири, сè уште не биле исполнети нивните барања.

Приватни специјализанти излегоа на генерален штрајк пред интерните клиники. Велат дека и покрај одржаниот протест на 27-ми март и средбата со министерот Демири, сè уште не биле исполнети нивните барања.
На последните две владини седници не било разговарано за надминување на нивните проблеми.
Како што велат приватните специјализанти при Универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ од Штип, биле принудени од денеска да стапат во генерален штрајк кој ќе трае се до исполнување на нивните барања, повисока плата, бесплатно здравствено осигурување и трансформација на сите приватни специјализанти во државни.
