Во Њујорк денеска почнува судењето против Доналд Трамп
Во Окружниот суд на Менхетен, Њујорк денеска почнува судењето против Доналд Трамп. Тој е обвинет за фалсификување деловни документи и исплата на 130 илјади долари за да прикрие наводна афера.

Во Окружниот суд на Менхетен, Њујорк денеска почнува судењето против Доналд Трамп. Тој е обвинет за фалсификување деловни документи и исплата на 130 илјади долари за да прикрие наводна афера. Делото е едно од четирите обвиненија со кои се соочува Трамп.
Пресудата не влијае на неговото евентуално повторно преземање на функцијата претседател доколку победи на изборите во ноември. Според анкетите, исходот може да биде критичен фактор за гласачите. Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.
Ова е прво судење на поранешен претседател во историјата на САД.
