Нов советодавен систем во земјоделството
За успешно и конкурентно земјоделство се потребни стручни совети и развиена советодавна мрежа, советуваат експертите. На фармерите им треба професионална помош да знаат како квалитетно да произведат и да продадат. Сметаат дека сегашната служба за советување дека треба да се прошири и да се модернизира за целосно да ги задоволува потребите на земјоделските стопанства...

Во новиот закон за воспоставување на советодавен систем, се предвидува Mинистерството за земјоделство да формира Регистар на даватели на советодавни услуги кој ќе биде јавно достапен за сите земјоделски стопанства за полесен пристап до експерт советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производството.
Земјоделците досега тешко доаѓаа до информациите кои ќе им помогнат да го направат своето производство поквалитетно и конкурентно на пазарот.
Честото менување на законите и на прописите дополнително ја отежнува работата, а им недостасува и време за следење на информации или користење на интернет.
Во моментов, стручни совети обезбедува само Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.
Со нив годишно се покриени не повеќе од 700 земјоделски стопанства што е многу помалку од бројот на земјоделците, корисници на државна поддршка и евидентираните 30 до 40 илјади индивидуални стопанства кои имаат посериозен развоен капацитет.
Методија Трајков
