Хрватска
Во Хрватска ќе се гласа за избор на 151 пратеник во Собранието
15.04.2024 09:16
На Хрватска и претстојат едни од најнеизвесните парламентарни избори. Ќе се гласа за избор на 151 пратеник во Собранието...

На Хрватска и претстојат едни од најнеизвесните парламентарни избори. Ќе се гласа за избор на 151 пратеник во Собранието.
В среда ќе се соочи владејачката ХДЗ предводена од актуелниот премиер Андреј Пленковиќ против сојузот на центристичките и левичарските партии, неформално предводен од претседателот Зоран Милановиќ и неговата СДП.
Кампањата беше обележана со жестоки тонови меѓу двајцата највисоки функционери во земјата.
Предизборните анкети предвидуваат дека ХДЗ ќе биде релативен победник, но без можност за формира влада самостојно.
