Македонија

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

15.04.2024 09:28

Командата за обука и доктрини (КОД) денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата. На свеченоста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска...

Командата за обука и доктрини (КОД) денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата. На свеченоста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, државниот секретар, Владимир Анчев, претставници од Кабинетот на Претседателот, воени раководители од Генералштабот и Министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.

Пред припадниците на Командата ќе се обратат министерката Петровска и командантот на КОД, полковник Васко Коколански, по што ќе бидат соопштени стимулативни мерки на припадници од КОД за постигнатите резултати во работењето.

Присутните ќе имаат можност да проследат и показна вежба со службени кучиња од Центарот за одгледување и дресура, а ќе бидат изложени и дел од вооружувањето и опремата и други програмски содржини.