Отварање на изложбата британскиот уметник Денис Боувен во МКЦ
По повод Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура ИКОН и Младинскиот културен центар организираат изложба на делата на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006)...

По повод Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура ИКОН и Младинскиот културен центар организираат изложба на делата на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006).
Изложбата ќе биде отворена вечерва, 15 април (понеделник) во 19 часот, во изложбениот салон на Младинскиот културен центар.
Денис Боувен (5 април 1921 – 23 март 2006 година) е јужноафрикански уметник и промотор на апстрактната и авангардна уметност во Британија. Тој бил основач на New Vision Group и New Vision Center Gallery во Лондон, кои одиграле важна улога на британската уметничка сцена во повоениот период.
Неговите дела се чуваат во бројни збирки во Македонија и во странство, вклучувајќи ги TATE Gallery, V&A, Британскиот музеј и Националните галерии на Израел, Италија, Полска и Македонија.
Во текот на неговата кариера, Денис Боувен ја задржал посветеноста во духот на експерименталната уметност. Тој е еден од главните поборници на ташистичката апстрактна уметност или неформална уметност (Art informel).
Изложбата ќе биде отворена од 15 до 25 април 2024 година.
