МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
