НБА

Познати сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот во НБА

15.04.2024 10:03

Со синоќешните 15 натпревари заврши регуларниот дел од НБА сезоната и познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот...

Со синоќешните 15 натпревари заврши регуларниот дел од НБА сезоната и познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот.

Така, најдобар тим по регуларниот дел од сезоната е Бостон Селтикс со сооднос 64:18 и во првото коло од плеј-офот го чека својот противник од плеј-инот во кој се среќаваат Филаделфија 76 – Мајами Хит и Чикаго Булс – Атланта Хокс. Победникот од првиот споменат дуел во плеј-инот ќе игра против Њујорк Никс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Чикаго Булс – Атланта Холк, а победникот од тој меч ќе игра против Бостон Селтикс.

Покрај плеј-ин паровите, на Истокот се познати и два плеј-оф парови. Милвоки Бакс ќе игра против Индијана Пејсерс во четвртфиналето на НБА, додека Кливленд Кавалирс ќе има предност на домашен терен против Орландо Меџик.

На Западот најдобар тим е Оклахома Сити Тандер која во плеј-офот ќе игра против противник од плеј-инот каде се среќаваат Њу Орлеанс Пеликанс – Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс – Голден Стејт Вориорс. Победникот од дуелот меѓу Пеликанс и Лејкерс во плеј-офот ќе игра против актуелниот шампион на НБА, Денвер Нагетс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Сакраменто Кингс – Голден Стејт Вориорс. Победникот од таа средба во плеј-офот ќе игра против Оклахома.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ НБА ФБ