Еве зошто е добро да се јаде сладолед...
20.06.2014 13:31
Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, овој десерт добро ќе послужи како еден од изворите не само на калциум, туку и на витамините А и Б...

На многумина сладоледот им е омилен десерт, а освен тоа што во летниот период разладува, тој придонесува и за подобро здравје.
На возрасните дневно им се потребни околу 1.000 мг калциум, додека бремените жени и деца имаат зголемена потреба за овој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, овој десерт добро ќе послужи како еден од изворите не само на калциум, туку и на витамините А и Б.
Сладоледот, исто така, помага и за одржувае на телесната тежина.
Овошниот леден десерт кој се подготвува од замрзнато или свежо овошје содржи многу витамини, додека оној со вкус на кафе и чоколадо, доколку навистина се подготвува од вистински зрна кафе и какао, обезбедува доза на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето.
