Македонија

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

15.04.2024 12:11

Во полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот „Идризово“...

Во полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот „Идризово“.

„Уапсени се 17 припадници на затворската полиција и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството.

Уапсените затворски полицајци веќе се спроведени во Кривичниот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на денот.