Театар

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ на сцената на МНТ

15.04.2024 12:29

Македонскиот народен театар со нова премиера. На 19-ти април на малата сцена ќе биде изведена претставата „Хенгинг Араунд“. Режисерот Бојан Трифуновски поставува текст на Љупчо Иванов…

Главните ликови во оваа приказна се изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Режисерот Бојан Трифуновски, поставува текст на Љупчо Иванов. На 19-ти април на малата сцена на Македонскиот народен театар, премиерно ќе биде изведена претставата „Хенгинг Араунд“.

Добитник на најдобар македонски текст во 2011-та година, „Хенгинг Араунд“, по неколку обиди конечно е поставен на сцената на Македонскиот народен театар.

Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска ќе го оживеат светот на бајките. А местото и времето се ирелевантни.

 

Александра Спировска