Приведени 17 припадници на затворската полиција
Акцијата за нивно приведување полицијата и обвинителството ја реализирале утрово, а е резултат по повеќемесечна криминалистичка истрага...

Приведени 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Идризово. Заработија и кривична пријава. Изведени се пред судија на претходна постапка. Акцијата за нивно приведување полицијата и обвинителството ја реализирале утрово, а е резултат по повеќемесечна криминалистичка истрага.
За петмина од нив постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“, едно лице се сомничи за помагање додека за 11 лица постојат основи на сомнение дека во временскиот период од 19 до 26 октомври, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.
Затворски казни од една до десет години
Поради опасност од бегство или уништување на трагите и влијание врз сведоци, обвинител на судија на претходна постапка му предложил определување на мерката притвор за шестемина осомничени, додека за единаесеттемина за кои се води предистражна постапка предложени се мерки на претпазливост.
За овие кривични дела предвидени се затворски казни од една до десет години.
