Силјановска-Давкова: Нема да правам поделби и еднакво ќе ги третирам сите граѓани
Кандидатката за претседателка на државата поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова под слоганот „Македонија горда“ ја презентираше програмата пред граѓаните во скопските општини Петровец, Центар и Кисела вода. Овој пат акцентот го стави на младината, за која вели дека за да се задржи дома, мора да се слуша нивниот глас при носење важни одлуки...

„Ако бидам избрана за шеф на државата нема да правам поделби и еднакво ќе ги третирам сите граѓани, без разлика на нивното потекло“, вели кандидатката за претседателка Силјановска-Давкова. Таа рече дека редовно ќе дава отчет и повторно ќе ги отвори народните канцеларии. Силјановска-Давкова посочи дека сака земјава да стане дел од европското семејство каде историски, географски и културно припаѓа, но, побара се почитува нејзината различност, како што се респектираат различностите на членките на Унијата и на другите кандидати за членство. Силјановска-Давкова се осврна и на уставните измени.
Силјановска-Давкова истакна дека нема гордост без заштита на националните и на државните интереси кои се компатибилни со европските. Таа не се согласува со барањето, претседател да се избира во Собранието, бидејќи легитимитетот треба да извира од граѓаните како најдобро решение за демократијата.
Ана Јосифоска-Тодоровска
