Избори 2024

Јакимовски нуди нов закон за локална самоуправа

15.04.2024 14:39

Стевче Јакимовски, кандидатот за претседател на коалицијата „Храбро за Македонија“, вели дека со неговото долгогодишното искуство во работата на локалната самоуправа, знае да ги лоцира проблемите и пречките за обезбедување квалитетен живот на граѓаните...

Кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевче Јакимовски, вели дека со неговото долгогодишното искуство во работата на локалната самоуправа, точно знае да ги лоцира проблемите и пречките за обезбедување квалитетен живот на граѓаните. Нуди нов закон за локалната самоуправа.

Јакимовски додава дека освен што можат и мораат да се најдат решенија за комуналните, проблемите со бучавата и домувањето, мора во целост да се спроведе децентрализацијата на локалната самоуправа. Таму концесионерите прават штети, а парите одат во централната власт.

Претендентот за шеф на државата, Јакимовски, вели дека крајно време е да се прекине со потценување на претседателската функција, чии надлежности можат да бидат сеопфатни во сите сегменти на живеење за доброто на сите граѓани.

 

Сузана Трајковска