Свет

Расте загриженоста за Блискиот Исток

15.04.2024 14:15

Обединетите нации повикаа на максимална воздржаност по нападот од Иран врз Израел. Тел Авив бара санкции, Техеран порачува дека го користи правото на самоодбрана. Расте загриженоста за Блискиот Исток.

ООН повикуваат на максимална воздржаност по нападот на Иран врз Израел. Апелираат да се избегне каква било акција што ќе доведе до ескалација на Блискиот Исток. Западните земји бараат ситуацијата да се реши со дипломатски средства.

Иранците одговорија непропорционално, удрија на израелска почва. Тоа е многу опасно. Ќе направиме сè што можеме за да спречиме ескалација и да го убедиме Израел да не одговори, туку да го изолира Иран убедувајќи ги земјите во регионот дека тој е опасност и да ги зголемат санкциите“, изјави Емануел Макрон – претседател на Франција.

Иран му откри на светот дека тие се злонамерното влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Се надеваме дека нема да има одмазднички одговор, и наместо тоа, фокусот на светот да се префрли на Хамас, Дејвид Камерон – министер за надворешни работи на Велика Британија.

Шефот на европската дипломатија Борел, повика на итна деескалација меѓу Израел и Иран, додека Техеран предупредува на помоќен напад доколку, Тел Авив или Вашингтон возвратат. Воздржаноста на Израел покажува дека не бараме конфликт-изјави израелскиот претседател.

„Војната е последното нешто што Израел го сака во регионот, ние сакаме мир.Нормално, ние секогаш ги слушаме нашите партнери и сојузници. Го почитуваме нивниот став. Ќе преземеме сè што е потребно за да го заштитиме и одбраниме нашиот народ“, изјави Исак Херцог – претседател на Израел.

На ист став и Вашингтон. Не планираат каква било офанзивна акција против Техеран. Иранскиот министер за надворешни работи рече дека нападот врз Израел бил ограничен и минималистички.нападоит врз Израел е одговор на гранатирањето на иранската конзуларна зграда во Сирија кога загинаа двајца ирански генерали, за што директно го обвинува Тел Авив.

 

Бојана Крстевски