Избори 2024

Таравари ја претстави својата програма пред велешани

15.04.2024 14:28

Од Велес истакна дека е убеден во победа поради обединувањето на опозициските партии. Оцени дека е прозападен претседателски кандидат за разлика од другите кандидати коишто се на американската црна листа и со руски и српски капитал.

Претседателскиот кандидат од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари ја почна турнејата низ источна Македонија со посета на Велес. Пред велешани ја претстави својата програма за европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија.

Таравари со продавачите на пазарот во Велес разговарал за економската состојба на производителите. Нагласил дека излез од ваквата состојба во државата е можна само со промени и дека нема друга алтернатива.

Од Велес истакна дека е убеден во победа поради обединувањето на опозициските партии. Оцени дека е прозападен претседателски кандидат за разлика од другите кандидати коишто се на американската црна листа и со руски и српски капитал.

Претседателскиот кандидат од коалицијата „ВРЕДИ“ оцени дека кампањата е коректна со одредени притисоци врз гласачите вработени во администрацијата.

Таравари е подготвен за дебата и дуел со сите кандидати.

Ирина Гелевска