Од утре Меѓународен фестивал на комедии „Гола месечина“ во Аердором
Фестивалот го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура...

Од утре стартува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што е во рамките на културното лето „Аеродром се смее“.
Фестивалот го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура. Изведбите се од 21 часот на отворено, на игралиштето кај Паркот на езерата, а влезот е слободен.
Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски истакна дека целта на фестивалот е да се збогати културниот живот во општината.
„Сигурен сум дека претставите ќе ги посетат голем број граѓани и ќе има многу смеење, со оглед на тоа дека се од жанрот комедија“, рече Коневски.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека меѓу приоритетите на Министерството е локалниот културен развој и затоа се вклучува во поддршка на манифестации во општините низ државата. Меѓу нив е и „Топол културен бран“ чија цел е достапност на културата до сите македонски граѓани, како и посебните културни програми во градовите со туристички потенцијал.
